Капиларните протези се производи од понов датум на медицинскиот пазар и спаѓаат во групата на протетски методи за решавање на проблемот на губење или на веќе изгубена коса. Долгогодишната соработка на Др ВАИС центарот со NJ Creation Paris овозможува на нашиот пазар да биде достапен голем избор на капиларни протези како од синтетички влакна кои се нежни свиленкасти и неверојатно потсетуваат на природната коса така и од природна коса- од најквалитетнитната човечка коса, како што се Европската и Индиска коса кои се најбарани на светскиот пазар.
Покрај видот на влакното, клиентите може да ја изберат и базата на самата протеза. Базата представува внатрешноста на протезата која е во контакт со главата. Таа е хипоалергична и не ја пореметува нормалната функција на потните и лојните жлезди ( за разлика од периките).Истиот модел може да биде на рзлични бази во зависност од потребите на клиентот и од степенот на проретчување на косата. Постојат 4 бази.

- База 1 е за оние кои немаат изразен проблем со опаѓањето на косата, но сакаат да го променат својот имиџ.

- База 2 е за оние кои имаат тенко влакно или косата им е благо проретчена.

- База 3 е прилагодена за оние кои имаат парцијален гугиток на косата од привремен или траен карактер кој е најчесто ограничен на темениот дел.

- База 4 е идеална за силно изразена ќелавост, а посебно е прифатена од страна на пациенти со тотална алопеција или после хемотерапија. Темениот дел е прекриен со микро-кожа, а останатиот дел од базата е од исклучително фин стреч-памук. Целата база е прекриена со рачно имплатирани влакна и тоа по едно влакно во имплант така да изгледа како да косата расте од кожата на главата.

Патентираниот anti-glis I comfort wear concept овозможува (без додаток на лепак или на некои други додатоци) комфор при нивно носење без чувство на притисок и непосакувано потење , благодарение на микроперфорирана мембрана која е интегрирана на нив. Клиентите чувствуваат сигурност при правење на секојдневните активности без грижа дали протезата ќе се помести.

Сите клиенти кои сакаат дискреција, каталогот со најновите протези како и голем број на протези, волуматори и турбани, достапни се во нашите Showroom простории во Скопје, Ниш и Белград.

FaLang translation system by Faboba