Стареењето е константен процес на слабеење на одбранбените и метаболички функции на клетките.

oksigenoterapija 01

Меѓу другите причини, голем дел во стареењето има и намалената активност на антиоксидативниот систем како транспортер на кислород. Кислород ги разложува старите клетки, го стимулира производството на колаген и еластин, ја зголемува елиминацијата на токсините, го забрзува метаболизмот, што доведува до вазодилатација (проширување на крвните садови), ја зголемува активноста на леукоцитите (белите крвни клетки) и примениот антибиотик.

Поради сето ова, јасно е дека полето на индикации за оксигената терапија е многу широко, може да се применува кај акни, розацеа, хиперпигментација, екцематоми, атопична кожа, девитализирана, уморна кожа кај пушачите. Третмани со кислород се применуваат за сите типови на кожа, сите возрасти и во сите годишни доби.

Оксигенотерапијата (терапијата со кислород) е безболен метод по кој кожата изгледа поздрава, повитална, цврста, сјајна, брчки исчезнуваат, длабоките стануваат поплитки. Се препорачува еден третман неделно и серија од 4 третмани за долгорочните ефекти или како “блиц третман“, за посебни прилики. Третманот трае 45 минути.

FaLang translation system by Faboba