Скенероскопски преглед

- Важно е да се нагласи пред да се спроведе било која од овие интервенции, дека најнапред се прави дијагностички преглед со најсовремениот скенероскопски апарат за анализа при промените на и во кожата. Овој апарат има различни леќи (објективи) што овозможуваат зголемување на проблематичната регија од 50 до 560 пати, а со помош на полимеризирана светлост и надгледување подлабоките слоеви на кожата.

- ЛЕЌА (објектив) 200х е најзначајна за капилитологијата бидејќи благодарение на зголеменоста од 200х (пати) и силниот светлосен флукс ја прави кожата транспарентна. Овозможува скенероскопско надгледување на латентните и активни фоликули, како и влакна во почетната фаза на растот, односно овозможува увид во целосниот потенцијал на капилициумот (скалопот).

- ЛЕЌА (објектив) 650х е наменета за надгледување на самата структура на влакната, односно нивната обвивка, кортексот и медулата. Со помош на оваа леќа се откриваат постоечките аномалии во структурата на влакното или хемиските оштетувања како последица од некои фризерски процедури.

Дигитална дермоскопија

- Во Др ВАИС центрите, се врши преглед на кожата со најсовремениот дијагностички скенероскопски апарат што овозможува состојбата на кожата да се види и до 650х (пати) зголемена, правејќи и ДИГИТАЛНА ДЕРМОСКОПИЈА со софтверска анализа. Оваа техника својата примена ја нашла во дијагностиката на пигментните кожни промени и меланоми, но исклучителна вредност има и во каппилитологијата, козметологијата и подологијата. Основна задача на лекарот е превенција и откривање на патолошки промени, уште додека истите се на самиот почеток, каде можноста за лекување и излекување е најголема. Од таа причина е речиси незамисливо да не се користи дермоскоп кој на искусниот и обучен лекар му овозможува да го воочи она што на окото не му е достапно.

Кој се’ треба да направи преглед?

- Дермоскопијата има посебно значење кај луѓето кои имале меланом, како и кај членовите на нивното семејство. Важно е да ги испитате бемките, доколку имате повеќе. Доколку се појави нова бемка или постоечката се зголеми, промени боја, облик, предизвикува чешање, болка или крварење...

FaLang translation system by Faboba